ЛУКОВСКА БАЊА 23 ТИ ОКТОМВРИ

ЛУКОВСКА БАЊА – 23.Октомври 
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1.ден 21.10.2023 (сабота) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА

Состанок на групата во 05:30 часот на паркингот кај СЦ Борис Трајковски. Поаѓање кон Србија во 06:00 часот. Патување преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања и сместување во соби. Слободно попладне за индивидуални активности, време за одмор, релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот.  Вечера. Ноќевање.

2.ден 22.10.2023 (недела) ЛУКОВСКА БАЊА 
Појадок. Заминување и разглед до Црквата Св. Мина и етно Музејот под падините на Копаоник (доколку временските услови се поволни) кои се наоѓаат на 5 км од Луковска бања.  Црквата се наоѓа во центарот на селото Штава. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.

3.ден 23.10.2023 (понеделник) ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ 
Појадок. Напуштање на собите. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 199€ (12.330,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено: 
– Превоз со туристички автобус на наведената релација.
– Сместување во 1/2 соби во Хотел Бела Јела 4* на база 2 полупансиони – 2 ноќевања со појадок и вечера.
– Користење на внатрешно надворешен базен со термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C 
– Користење на новиот Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи). 
– Користење на сала за забава и рекреација.
– Излет до црквата Св. Мина (доколку дозволуваат временските услови)
– Туристичка такса за престој.
– Организација и реализација со придружник на патувањето. 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Индивидуално патничко здравствено осигурување;
– Индивидуални трошоци

Попусти и доплати:
– Дете 2-5год. во придружба на 2 возрасни плаќа само превоз 35€/2.170ден 
– Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од сумата
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума 
– Доплата за еднокреветна соба 30 евра (на барање) 
– Доплата за дополнително седиште во автобус -35€/2.170ден 

НАПОМЕНА
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.  
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
– За ова патување важат Општите услови за патување на агенцијата.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email