Загреб и Љубљана 29.12 Сигурна реализација-Автобус

1 Ден 29.12 Петок СКОПЈЕ–ЗАГРЕБ

Состанок со групата на паркингот пред хотел “Holiday Inn” во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.

2 Ден 30.12 Сабота   ЗАГРЕБ

Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнaта магија. Можност да си купите “licitar” – црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење.

Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувство на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греaно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.

Ноќевање.

3 Ден 31.12 Недела            ЗАГРЕБ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Вечерта, дочек на Новата Година на плоштадот. Ноќевање.

4 Ден   01.01 Понеделник ЗАГРЕБ-ЉУБЉАНА–ЗАГРЕБ

Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот:  Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб и поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

За уплата до 15.11: 199 евра   (12.340 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  239 евра   (14.820 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје

-Сместување во хотел Aristos  4* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок

-Организиран разглед на Загреб со локален водич

-Посета на шопинг центар “Arena Centar”

-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Посета на Љубљана 45 евра

-Патничко – здравствено осигурување

-Туристичка такса 400 ден. по лице за целиот престој (се плаќа во Агенција)

-Доплата за еднокреветна соба 4.500 мкд

-Доплата за избор на седиште во автобус 620 мкд

-Дете до 3 години гратис (без легло)

-Дете од 3-6,99 години (без легло, спие со родители) 2.100 ден за две ноќевања

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

Пријавување за факултативните излети при резервација (за реализација е потребно минимум 30 патници).

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенцијата.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email