Виена 29.12 Сигурна реализација-Автобус

Автобус / 5 дена/ 2 ноќевања

ВИЕНА – актуелна престолнина на Австрија и некогаш главен град на моќната Австроунгарска Империја.
Денес модерна туристичка метропола на бреговите на убавиот плав Дунав. Градот шармира со убавите Палати на Царскиот Hoffburg и Шенбрунските паркови,како и со богатите уметнички колекции… шопинг и гурманско уживање во многубројните ресторани. Градот во кој живееле и твореле Гете, Фројд, Бетовен, Ајнштајн,Моцарт…

 

ден. 29.12 Петок                                СКОПЈЕ – ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 12:30 часот. Тргнување кон Виена во 13:00 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ден. 30.12 Сабота                              Шопинг центар Parndorf –  ВИЕНА

Пристигнување во претпладневните часови и посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ центарот на Виена, слободно време за прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ прекрасните улици на Виена. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање

 

3 ден. 31.12 Недела                          ВИЕНА

Појадок. Следи задолжителен панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Градското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот. Факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на Виена. Време предвидено за индивидуални активности и шопинг во центарот на Виена и познатата шопинг улица Mariahilferstrasse. Вечерта околу 21:00 часот организиран трансфер до центарот на Виена и можност за прослава на Новогодишната ноќ на плоштадот Ратхаус. Враќање во хотел во договореното време. Ноќевање.

 

4 ден 01.01. Понеделник                   ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на  дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабсбуршката монархија, изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говори за  животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф… Враќање во центарот на Виена. Слободно време за индивидулни активности и прошетка во градот. Во попладневните часови заминување кон Скопје.

 

5 ден. 02.01 Вторник            СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во претпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.11: 219 € / 13.580 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 € / 14.820 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

–           Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација

–           Сместување во Хотел 3***  во Виена на база 2 ноќевања со појадок

–           Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

–           ЗАДОЛЖИТЕЛЕН разглед на Виена 15 €

–           Посета на Шенбрун (превоз + влезница+води) 50 €

–           Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25 €

–           Влезници во музеите и културно – историските споменици

–           Со доплата за еднокреветна соба 4.500 мкд

–           Доплата за избор на седиште во автобус – 10 €

–           Туристичка такса 5 € по лице ( плаќање во автобус)

–           Патничкоздравствено осигурување – задолжително

НАПОМЕНИ:  

–       За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

–       За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 25 патници.

–       За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенцијата

–       Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари

–       Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email