Соко Бања Бус 08.12

ОКО БАЊА – 8ми Декември

 

Соко бања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал

First minute 129  евра/ 8.000мкд за резервации до  31.10.2023

Промо цена      139  евра/ 8.620мкд за резервации до  15.11.2023

Цена на аранжманот 159 евра / 9.860 мкд

 

Програма за патување (08.12-10.12)                                                                                                                             

08.12.2023 (Петок) Скопје – Соко Бања

Состанок на групата во 05.30чНа паркингот кај хотел Вип. Поаѓање за Соко Бања во 06.00часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне и сместување во хотел Бањица 3*.

Ручек. Краток одмор и освежување од патувањето, по што се заминува на организирана прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..) Слободно време за индивидуални активности или релаксација во џакузи базенот во хотелот. Вечера.

Ноќевање.

09.12.2023 (Савота) –Соко Бања (Лептерија-Соко град)

Појадок. После појадокот, заминуваме на пешачки излет до Лептерија и Сокоград.

Враќање во хотел. Ручек.

Слободено попладне за одмор или релаксација во џакузито на хотелот или пак индивидуална посета на Велнес и Спа центарот-Соко Терме. Спа центарот располага со три базени (два се внатрешни и еден надворешен базен). Базените се со термална минерална вода, со температура од 30℃ до 36℃.

Вечерта, свечена вечера со жива музика и богато мени.

 

10.12.2023- (Недела) Соко Бања-Скопје

Појадок.  После појадокот, напуштање на хотелот.

Слободно време до 12.00час. и поаѓање за МакедонијаПатувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

 

Цената на аранжманот вклучува:

 Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

 Традиционален коктел за добродојде

 2 Полни пансиони (појадок, ручек и вечера) во хотел Бањица 3*  https://www.banjica.co.rs/

 Организиран разглед на Сокобања со локален водич

 Организирана пешачка тура со локален водич до Лептерија и Сокоград

 Организирана свечена вечера со жива музика, богато мени и неограничено пиење (алкохолни и безалкохолни пијалоци)

 Бесплатно користење на џакузи базенот во хотелот

 Туристичка такса

 Организација, реализација и придружник на патувањето

 

Ценатана аранжманот не вклучува:

Индивидуални трошоци (групна карта за Соко Терме 800динари/ индивидуална карта 1.500динари)

 Задолжително патничко и здравствено осигурување

 

Попусти и доплати:

Деца од 3-10.99год во придружба со 2 возрасни плаќаат  75€/ 4.650мкд

Трет возрасен на редовно легло плаќа полна сума

Доплата за еднокреветна соба 40€/ 2.480ден за две ноќевања (на барање)

Намалување за сопствен превоз  10€/ 620ден по патник (цената на First minute не подложи на други дополнителни попусти)

 

Напомена:

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенцијата.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5  дена пред поаѓање, доколку нема пријавено доволен број на патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

 Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

 За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на пасошот мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)

 

 

 

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Декемвриски патувања

Виена Божиќен базар

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања 09. Декември  (Сабота)                                               СКОПЈЕ

Детали »
02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email