Гран Канарија спаѓа во групата на Канарските острови во Атлантскиот Океан, кој се наоѓа југоисточно од Тенерифе. Островот е со вулканско потекло, како и останатите Канарски острови.
Климата на островот е блага, со пријатни температури, ретко кога превисока и скоро секогаш постојана. Просечната дневна температура во периодот од февруари до април изнесува 22 степени, а температурата на водата 18 степени.
“Минијатурниот Континент”, како што го нарекуваат овој остров, може да се пофали со пространи пес
очни дини, надополнети со живописни планини. Гран Канарија има многу што да понуди на туристите: југот познат по волшебното селце Puerto de Mogán (наречено уште и Мала Венеција), Puerto Rico, Maspalomas и познатата Playa del Ingles, но тука се и спектакуларните пејзажи на западниот брег и внатрешноста на островот.
Пакет Аранжман | EUR |
---|
1 | HOTEL ASTORIA 3* | 12 ноќевања/појадок | од 740 |
2 | APARTHOTEL MARINASOL 3* | 12 ноќевања/појадок | од 833 |
3 | HOTEL CONCORDE 4* | 12 ноќевања/појадок | од 920 |
4 | BLUE BAY BEACH CLUB 4* | 12 ноќевања/појадок | од 1040 |
И МНОГУ ДРУГИ ХОТЕЛИ... |
Цената вклучува:
- Авионски превоз Минхен-Лас Палмас-Минхен;
- Трансфер аеродром-хотел-аеродром;
- Престој вохотел по избор.
Цената не вклучува:
- Авионски превоз Скопје-Минхен-Скопје. Цената на авиобилетот изнесува 294еур (цената е променлива во зависност од термините на патување и расположливоста на слободни места).
НАПОМЕНА:
- Плаќање во денарска против вредност;
- Цените се променливи во зависност на терминот на патување.
Факултативни излети:
- Посетете го Маспаломас, најстариот туристички град и уживајте во прошетката во ботаничкиот парк El Parque Botanico Maspalomas;
- Посетете ја куќата на Колумбо (CasaDe Colon) во Лас Палмас;
- Прошетајте низ паркот Палмитос и запознајте се со над 230 видови на птици;
- Посетете го Фиргас, градот познат по топлите минерални води.
PATUVAWETO GO OBNOVUVA DUHOT